Група италијански пратеници ја прекинале парламентарната дебата минатиот петок и бакнувале колеги од истиот пол, за „на дело“ да ја покажат својата поддршка за ЛГБТ-правата. Во парламентот била во тек расправа за проширување на постоечкиот закон за антидискриминација, со кое во него ќе биде вклучена и ЛГБТ-заедницата.
Десетици членови на партијата „Движење пет ѕвезди“ (Movimento 5 stelle, M5S) ја прекинале дискусијата, станaлe и почнале да се гушкаат и бакнуваат, додека останатите подигнале транспаренти со повици за повеќе права за ЛГБТ-Италијанците. Пратеничката Федерика Дага подоцна на својот Твитер профил објавила фотографија од настанот, пишувајќи: „Еднакви права и достоинство без пол. Затоа што бакнежот и прегратката не се страшни“.
Новата мерка го проширува законот од 1993 и забранува „криминални дела мотивирани од хомофобија или трансфобија“, а таа била усвоена во долниот дом на италијанскиот парламент, со 354 гласови за и 79 против. Сепак, не се очекува таа да помине и на гласањето во републичкиот Сенат, кој се смета за горен дом на парламентот.
Погледнете ја оваа несекојдневна демонстрација на политички став: