Во Археолошкиот музеј во Скопје пред два дена беше отворена изложбата на јапонски кукли „Нингјо“. Во оваа поставка има 68 варијанти на репродукции на оригиналите кои се наоѓаат во токискиот музеј.
Изложбата е поделена на четири хронолошки и типолошки сегменти, вели Трајан Зафировски, виш кустос и комесар на изложбата кој ни направи тура низ поставката.
„Првиот дел се кукли кои служат за раст и развој на децата, како молитва за заштита на децата. Најраните форми започнуваат уште од седмиот век и тоа биле кукли со обични дрвца и хартија на нив, кои биле изработувани за да ги заштитат бебињата и малите деца преку целата година. Откако ќе поминела таа година биле ставани во река и пуштани по неа, ако детето е во случајот добро“, вели Зафировски.
Поимот Нингјо во директен превод значи човечки облик. Речиси сите кукли изложени во Археолошкиот музеј поекнуваат од 17, 18 и 19 век. Дел од првата група се и куклите чија задача било да носат заштита за малите деца и бебињата. По нив доаѓаат куклите што ги преставуваат фестивалите.
„Фестивалите се многу важни во Шинто и во Зен будизмот. Фестивалот на девојчињата започнува на 3 март, затоа и беше проектирано оваа изложба да биде од 1 март. Куклите кои се тука претставени најчесто се воин и неговата сопруга или империјалната фамилија заедно со Саке девојчињата и девојките музичарки. Тие биле ставани на верандата на 3 март што се поклопува со растењето на цвеќињата и се поклопува со женственоста во јапонската Шинто култура. Како паралела на ова се и куклите од 5 мај, кога се одржува фестивалот на момчињата и тука се изработуваат кукли што ја претставуваат Бушидо културата, културата патот на воинот, културата на воинот. Од машките деца било очекувано да пораснат во добри воини во броилачките вештини играле исто така голема улога. Како репрезенти на ова се Момотаро, Кентаро и детето Самурај. Тие исто така биле ставни на верандата или пред домовите на 5 мај, кога расте ирисот што се врзува со машкоста“, раскажува кустосот Зафировски.
View this post on Instagram
Втората група кукли од поставката се работени како дел од фината уметност. Тие, како што објаснува нашиот соговорник, го надминуваат магискиот и религискиот аспект на нивните претходници.
„Како фина уметност се претставуваат бидејќи аристократите, аристократските фамилии, царот, императорот ги користеле како поклони. Куклите Гошо се најдобар репрезент на оваа работа. Тие се изработени од фина каолинска глина којашто била подоцна фарбана со бела боја којашто била изработена од ситнети школки“, вели тој.
Следната група ја претставуваат народната уметност. Како „фолклорни кукли“ или Даруми, тие се едноставно изработени, од хартија.
„Едната од тие даруми ги носи на своите образи знаците за против оган. Другиот знак е знакот на среќа што го носи на стомакот. Овој тип на даруми се ставал по домовите за заштита од пожар бидејќи куќите во тоа време биле дрвени. Пожарот претставувал вистински проблем за 16, 17, 18 век. Следната дарума е таа што нема очи, односно не ѝ се офарбани. Таа го претставува Боди дарма, монахот кој во седмиот век го пренел будизмот од Индија во Кина и тој се смета дека носи среќа во нивното општество“, појаснува Зафировски.
Очите не се обоени, бидејќи овие кукли најчесто ги користат девојчињата кои се одлучуваат да го бојат само едното око и притоа да замислат желва. Доколку во текот на годината се исполни таа желба, го фарбаат другото око и потоа исто така се пуштаат по реката според традицијата на Шинтуизмот.
„Во оваа група специфични се Кокешите, Кокешите се со дрвена форма која што е издолжена лонгирана форма со голема глава на врвот и биле ставани. Најпрво биле произведени пред 200 години околу термалните извори на Јапонија. Гостите кои подолго време ги користеле термалните води, ги купувале овие кукли за своите деца. Исто така давани како донација и во случај ако детето или личноста којашто се лекува во тие бањи успее да се излечи, биле донирани. Тие и ден денеска се акутелни, посебно кај девојчињата во Јапонија“, посочува кустосот.
Последна група која е дел од изложбата го претставува ширењето на Нингјо културата кое започнува во 1927 година на мошне необичен начин.
Американската влада дава донација 13.000 синооки кукли и бебиња за да се раздаваат на јапонските деца. Јапонија во тој момент не е таа економска имепријална сила од 21-от век и они успеваат да вратат со 58 од своите кукли. Тие кукли воедно ја започнуваат појдовната точка на изработката на овие кукли и ширење на светско ниво“, вели Зафировски.
Во моментов Јапонија претставува доминантен продавач на кукли во светот. За тоа се заслужни и јапонските барби и манга куклите кои се популарни кај помладите генерации.
„Од друга страна аристократскиот слој се’ уште е во потрага по нешто што е вонсериско, со висока естетска убавина и со јасно голема цена, се’ уште ги претпочита Нингјо куклите. Тоа би било врвниот поклон во нивното општество. Естетскиот критериум на Нингјо куклите кои претставуваат фина уметност е врвен. Не се веќе кукли, туку се уметничко дело. Тие и се прават за да бидат изложувани, како начин за да се покаже моќност имотност и така натаму“, посочува кустосот.
Зафировски вели дека изложбата може да се гледа и како мост меѓу цивилизациите на Македонија и Јапонија.
„Сепак играчките се специфични и за едната и за другата култура. Првите кукли на овие предели се уште пред 40.000 години во пештерите, првите предмети што ги наоѓаме се играчки за деца, така што оваа изложба би требало да претставува мост кој ќе не’ спојува културолошки“, вели тој за крај.
Изложбата ја организираат Јапонската амабасада во Македонија и Археолошкиот музеј. Таа е од патувачки карактер, но засега не се знае каде ќе биде нејзината следна дестинација. Таа останува отворена за посета до 25 април.
Ангела Бошкоска