УКИМ има академска слобода, има автономија во управувањето, автономија во кадровската политика итн. Значи, ние самостојно и автономно одлучуваме за многу прашања и проблеми, нормално без мешање на политиката, но кога се работи на пример за финансиска автономија тука не сме сосема задоволни, затоа што знаете дека сме под трезорското работење коешто има доста ограничувачки фактори во поглед на финансиското работење на универзитетот, вели во интервју за Радио Слободна Европа, ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј (УКИМ), Никола Јанкуловски.
Тој во интервјуто одговара и за падот во најновото рангирање на универзитетите на „Вебометрикс“, вложувањето во наука, како и за незадоволство на кадарот и условите за работа во високото образование.