Во оваа дискусија „Јасно и Гласно“ се осврнуваме на последното истражување на Вестминстер фондацијата за демократија и Младинскиот образовен форум кое покажа дека младите во земјава се меѓу апатија и оптимизам, со конзервативни и хомофобични ставови. Дискутираме со истражувачот Мартин Галевски, студентите Ангела Најдоска и Борјан Менкиноски, и средношколецот Благоја Насковски.