Напад на новинар од порталот Тетова Сот во средно училиште, напад на екипа на ТВ 24 при снимање прилог, функционер кој пцуе новинарка на МКД.мк и поранешен министер во обид да цензурира новинарски текст објавен во Фокус. И се` ова беа случаи само од минатиот месец.
Непријателската и небезбедна атмосфера во која работат новинарите се` повеќе наликува на едни времиња, кои требаше „никогаш да не се повторат“. „Никогаш не требаше да се повторат“ и владините реклами кои повторно се враќаат на голема врата како потенцијална закана за корумпирање за медиумите. Паралелно со тоа, истражувањата покажуваат дека новинарите работат во лоши услови, мета се на притисоци и закани, примаат потпросечни плати и често работат и надвор од своето работно време.
За тоа во каква состојба се наоѓа „седмата сила“ во Македонија и колку навистина се слободни медиумите во оваа епизода на „Јасно и Гласно“ разговараме со: Билјана Петковска од Македонскиот институт за медиуми, Драган Секуловски од Здружението на новинари на Македонија и Дарко Дуридански од Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.
Даниел Евросимоски