[Видео] Јасно и Гласно: Зелена револуција – активизам за воздух

Кои се барањата на протестот кој утре пред Влада го иницираше „Fridays For Future“ поддржана од дваесетина организации, каде затајува системот кој треба да обезбеди чист воздух и животна средина, колку партиите сакаат да го присвојат зелената револуција. Гости во емисијата „Јасно и Гласно“ во студиото на Радио МОФ се Невена Георгиевска од „О2 Иницијатива“, Јана Василевска од „Fridays For Future Skopje“ и Мирослав Богдановски од Инспекторатот на Град Скопје. Од Министерството за животна средина беа поканети, но не успеаја да обезбедат претставник.

Јасно и Гласно: ЗЕЛЕНА РЕВОЛУЦИЈА – АКТИВИЗАМ ЗА ВОЗДУХ

Jа следите емисијата Јасно и Гласно, посветена на активизмот за воздух и зелената револуција. За протестите, (не)можноста да се обезбеди чиста животна средина, за граѓанските барања и решенија разговараме со Невена Георгиевска од „О2 Иницијатива“ и Јана Василевска од „Fridays For Future Skopje“ и Мирослав Богдановски, од Инспекторатот на Град Скопје . Од Министерството за животна средина беа поканети, но не успеаја да обезбедат претставник.

Posted by Радио МОФ on Thursday, 28 November 2019

Мирослав Богдановски се осврна на последните акции кои ги прават инспекторите, како и на смената на еден од Правилниците кој конечно им овозможи да мерат емисии на гасови со акредитирана лабораторија.

„Постојат три акредитирани лаборатории и лесно може да се случи мерењето на инсталациите да се совпадне со нашата акредитирана лабораторија. Ист би бил извештајот од таа лабораторија со нашето мерење“, посочувајќи дека се уште нема државна лабораторија која ќе ја контролира индустријата.

Невена Георгиевска, се осврна на главните барања на протетот и нефункционалноста на системот.

„Факт е дека системот не ни функционира. Не може една институција да не работи затоа што немаме закон или другата чека нешто. Има проблем, треба да го решиме“, истакна Георгиевска.

Јана Василевска зборуваше на местото на младите во зелената револуција и побара итни и конкретни мерки.

„Кога нешто се прави итно, тоа нема да функционира. Неодржливи мерки водат кон друг проблем, како што беше со контејнерите. Ние за секој чекор напред, правиме три назад“, истакна Василевска.

Јасмина Јакимова