[Видео] Јелена Топиќ повторно молчеше, овој пат во живо на телевизија

jelena-topic

Девојката од босанскиот град Приједор Јелена Топиќ, која есенва го предизвика вниманието на регионалните медиуми со својот невообичаен перформанс со молчење на градскиот плоштад во нејзиниот град (кој таа подоцна го објасни со видео-порака), повторно ја бранува јавноста. Овој пат, таа повторно молчеше, но тоа го направи по прашањето на водителот, за време на нејзиното гостување во живо на националната телевизија на БиХ.

Без оглед на дилемите околу тоа дали однесувањето на Топиќ е легитимен перформанс или обична таблоидизација на уметноста, но поентата е постигната – вниманието на конзументите (во овој случај на квази-културата) е повторно насочена кон младата Босанка.

Извор