Употребата на беспилотните летала – drones се уште е тема на жешки дебати во јавоста. Овие роботи кои летаат би можеле да се користат како за шпионирање, така и за автоматско пренесување на пратки од едно на друго место, како во новата програма што ја работи Amazon packages.
Сепак, благодарение на YouTube кналот TheDmel, едно е сигурно: Дроновите можат и да „танцуваат“и да одржуваат ритам.
Членовите на KMel Robotics одлучија да малку да се опуштат и направат интересна кореографија со овие беспилотни летала.
Погледнете го следното видео и проверете како се снаоѓаат во оваа улога: