Младинскиот центар во Охрид кој постои веќе година и половина нуди различни програми за млади како младинско учество, младинско информирање, културна програма, неформално образование, безбедност, вработување, кариерно насочување.
Но, за поголема вклученост на младите на локално ниво, од Центарот велат дека треба да се тргне стигмата околу волонтерството и вклучувањето во организации што ја има кај родителите и кај младите. Исто така, оттаму додаваат дека е потребна поголема поддршка од донесувачите на одлуки и институциите да им даваат поголем простор на младите за тие да ја изградат повторно довербата кон општините.
Повеќе за тоа каква е состојбата со младинската вклученост во Охрид погледнете во видеото:
Автори: Христијан Јанкуловски, Игор Јосифоски, Ѓоко Јузмески, Петар Сарафилоски и Наталија Чурукоска
Менторка: Кристина Озимец
Овој материјал е изработен во рамките на регионалната иницијатива „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ финансирана од Фондот за градење мир на Обединетите нации имплементирана од УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UNWOMEN што ги поттикнува младите да се вклучат во конструктивни наративи, јакнење на меѓукултурен дијалог, инклузија, родова еднаквост и да се создаде заедничко разбирање и доверба во Западен Балкан.
Ставовите изразени во овој медиумски производ се ставови на говорниците и не секогаш ги претставуваат ставовите и мислењата на Фондот за градење мир на Генералниот сектретар на ОН, УНФПА или на Канцеларијата на Постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија.