[Видео] Какви промени сакаат младите во Брчко?

Здружението „Младинско движење за пресврт“ од Босна и Херцеговина го објави краткото видео, насловено „Јас сакам!” во кое се зборува за желбите и барањата на младите од градот Брчко.

Брчко

Видеото покажува млади, образовани и талентирани луѓе кои се подготвени да се борат и да го вложат своето знаење, напор и искуство во обновувањето на Брчко како место за подобар живот на граѓаните.

„Замислен како мултимедијална презентација на она што нам ни се наметнува како одговор на потребите на младите луѓе во различни сфери на животот, ги презентиравме главните проблеми на младите она што е најважно – нивната желба за промена“, посолуваат од здружението.

Видеото ја покажува одлучноста и јасната порака до Владата и нејзините структури дека младината  од областа Брчко сака промени и дека тие како граѓанска и демократски избрана влада мора да спроведат мерки за подобрување на позицијата на младите луѓе.

Извор: Бука