Возот со три вагони и капацитет од 200 патници, што за македонската железница го произведе кинеската компанија ЦРРЦ, денеска со музика и конфети беше свечено промовиран пред македонската владина делегација во Кина.
Возот треба да биде испорачан во земјава следниот месец и е првиот од шесте патнички возови што за „Македонски железници Транспорт“ беа нарачани од кинеската ЦРРЦ. Според најавите, новите патнички возови ќе бидат климатизирани, со вакуум тоалети и ќе ги задоволуваат најстрогите мерки за енергетска ефикасност и безбедносни стандарди.