Ботаничката градина на Институтот за биологија во Скопје постои веќе 70 години, но дури од неодамна стана популарна во јавноста со отворањето на реновираниот стакленик. Распространета на 11 хектари, таа е дом на разни растенија, во улога на заштитник од штетните надворешните влијанија. Но, грижата за неа опаѓала со текот на годините, а денес за нејзиниот опстанок се грижат само еден работник и еден хонорарец. За да дојдат до ова што го имаат денес, студентите и професорите заеднички го посветиле своето слободно време, а во тоа им се приклучиле дури и нивните семејства. Рената Ќуштеревска од Институт при Природно-математичкиот факултет вели дека планови и идеи за да се оживее градината има, но им недостигаат средства.
Повеќе за Ботаничката градина во видеото на Емилија Петреска.