Растат класните разлики во Македонија. Додека мал број од најбогатите во време на криза станале уште побогати, изминатите 5 години сите останати осиромашуваат, покажа истражувањето на левичарското движење „Солидарност“ .
Дополнително загрижува и фактот што социјалната неправда и нееднаквоста во распределбата на парите, во Македонија се поголеми од сите европски земји, вклучувајќи ги тука и државите од некогашниот Советски сојуз. И ова не е природен процес, истакнува Артан Садику од „Солидарност“, туку свесно влијание на власта со своите фискални и даночни политики.
Од почетокот на кризата сиромаштијата во земјава расте, невработеност две децении се нема спуштено под 30%. Истовремено посочуваат од „Солидарност“, социјалната помош за сиромашните домаќинства е намалена за речиси 40%, додека само 7% од вработените ги почувствувале ефектите од минималната плата.
Јасмина Јакимова