Активисти на еколошкото движење „Последна генерација“ (Letzte Generation) денеска ги блокираа пистите на најголемиот аеродром во Германија лепејќи се за пистата, по што прекинаа сите пристигнувања и полетувања. Климатските активисти ја повикуваат германската влада да се откаже од нафтата, гасот и јагленот до 2030 година, пренесува Ал Џазира Балканс.
Аеродромот во Франкфурт, кој е еден од најпрометните и главен меѓународен центар во земјата, ги советуваше патниците да го проверат статусот на нивните летови поради „тековните демонстрации“. Откако аеродромските операции продолжија и сите четири писти беа оперативни неколку часа подоцна, портпаролот на аеродромот рече дека биле откажани приближно 140 летови од 1.400 планирани.
Шестмина активистите користеле клешти за сечење за да направат дупки во жичената ограда на аеродромот пред да тргнат „пеш, со велосипед и со скејтборд до различни точки околу пистата“, наведуваат од движењето.
📹 Kleiner VLOG von @Joel_Schmitt_ vom Protest in #frankfurt heute!
💸 Hier kannst du spenden um den Protest zu unterstützen: https://t.co/m3a3Gd92nn
oder hier: https://t.co/bEPddKIXXa@_oilkills pic.twitter.com/0WVigmhm6K
— Letzte Generation (@AufstandLastGen) July 25, 2024
Демонстрантите држеа и транспаренти со натпис „Нафтата убива“. Осум активисти се приведени.
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер, чие министерство сака да го казни неовластениот пристап до аеродромот со до две години затвор, протестите ги нарече „опасни, глупави и криминални“.
„Овие дела мора да бидат построго казнети. Предложивме тешки затворски казни“, додаде таа во објавата на X.
Групата, која сака германската влада да постигне глобален договор за постепено исфрлање на нафтата, гасот и јагленот до 2030 година, наведе уште неколку земји низ Европа и Северна Америка каде што се планираат слични нарушувања.
Протестот доаѓа еден ден откако слични акции беа одржани на неколку европски аеродроми, вклучувајќи го и лондонскиот Хитроу, каде вчера, беа уапсени неколку активисти. Истовремено пак, на аеродромот во Виена, четворица активисти истурија портокалова материја во една од салите на аеродромот, држејќи исти натписи „Нафтата убива“.
📣 Wir fordern die Unterzeichnung eines Fossil Fuel Treaty. Womit sich die Regierung zu internationaler Verhandlungen verpflichtet, mit dem Ziel: ein internationaler Vertrag zum Ausstieg aus den Fossilen (Öl, Gas, Kohle) bis 2030. pic.twitter.com/67PN5ViRWn
— Letzte Generation (@AufstandLastGen) July 24, 2024