Климатски активисти од движењето „Extinction Rebellion“ пред два дена упаднаа на модната ревија на „Луј Витон“ во Париз, за да предупредат за влијанието на индустријата врз животната средина, со транспарент со кој се осудува влијанието на прекумерната потрошувачка врз животната средина, пренесува „Н1“.
Носејќи го написот „прекумерна потрошувачка = изумирање“, жена која ги претставува организациите „Пријатели на земјата“, „Млади за климата“ и „Extinction Rebellion“ тргна по истиот пат како и манекенките.
Таа се искачи на пистата поставена во уметничката галерија Лувр, додека манекенките ги прикажуваа најновите модели, пред обезбедувањето да ја собори на земја и да ја отстрани.
Трите организации соопштија дека во спремањето на акцијата учествувале околу 30 лица, додека двајца биле уапсени.
Тие ја повикаа владата да спроведе „итно намалување на нивото на производство во овој сектор, со оглед на тоа што во Франција во 2019 година биле продадени 42 парчиња облека по лице“.