Климатски активисти во Португалија собраа околу 650.000 отпушоци од цигари и ги натрупаа во срцето на главниот град на Португалија, Лисабон, во обид да го истакнат фактот дека тие не се распаѓаат, јавува Евроњуз.
„Главниот проблем со отпушоците е што тие не се биоразградливи – тие содржат форма на пластика и, уште полошо, многу отрови, тешки метали и хемикалии“, објасни Андреас Ное, германскиот активист кој стои зад иницијативата.
Според Светската здравствена организација (СЗО), секоја година во светот се фрлаат 4.5 трилиони отпушоци.
Ное ги натрупа отпушоците на еден од најголемите плоштади во Лисабон, и посочи дека отпушоците биле собрани за само една недела.