Клубот за хронични болести „СОМА“ испрати порака по повод Светскиот ден на здравјето, оддавајќи почит на здравствените работници кои неуморно го штитат здравјето на граѓаните.
„Поимот за здравствен работник е синоним за вистинска храброст и неизмерна пожртвуваност“, се вели во видеото каде младите ги споделија своите пораки.
„СОМА“ е студентски организирана медицинска организација од Штип, од страна на студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
„Нека вашите денови бидат исполнети со добро здравје, исто како што вие им помагате на многумина да си го вратат здравјето назад“, се вели во студентското видео.
Погледнете го видеото во продолжение.
View this post on Instagram