Веб-страницата посветена на електронската музика Resident Advisor го објави последниот во серијата документарни филмови посветени на клупските сцени на светските метрополи „Real Scenes“. Овој пат, во фокусот се клубовите, музичките продавници и маалските собиралишта на музичарите во Њујорк. Познати и непознати диџеи, продуценти и промотери зборуваат за историјата, сегашноста и иднината на њујоршката сцена.