Во населба Железара, во скопската општина Гази Баба се отвори просторот „Комбо“ – здружение за креативна одржливост.
Местото е збиралиште на креативност, дружење и одржливост. Сите предмети внатре добиле „шанса“ за втор живот, откако веќе служеле некому, сега служат за разубавување на просторот и за промовирање поеколошки начин на употреба.
Сестрите Ивана и Анастасија просторот го средувале три месеци, а уште се во фаза на реновирање. Велат, кој како им носи столчиња и маси така го уредуваат, но веќе е отворен за посета.
Досега ја одржале работилница со дечиња во градинката во која и самите оделе кога биле мали, зашто велат, важно е децата да се запознаваат со начините на реупотреба и одржливост уште од најмала возраст.
За понатаму планираат вакви и други работилници да прават во самиот просторот, а планираат и културни настани, изложби, поетски читања со што ќе ги поддржат младите уметници.
Погледнете повеќе за приказната зад „Комбо“ во видеото.
View this post on Instagram