Какво влијание имаат социјалните мрежи врз класичните медиуми, го диктираат ли темпото на нивната работа? Важат ли кодексите на новинарите и за корисниците на социјалните мрежи? Дали се’ она што корисниците на Фејсбук го карактеризираат како говор на омраза и навреди „држи“ во правна смисла? Колку повиците за забрани и укинување на социјални мрежи како Тик-Ток ги уриваат начелата за слобода на изразување?
Ова беа дел од прашањата во подкаст-дискусијата „Медиумската писменост во дигиталниот простор“, каде гостин е Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиуми.
Со оваа содржина, Радио МОФ се приклучи на Деновите на медиумска писменост 2023, кои се организираат од Мрежата за медиумска писменост.
Бојан Шашевски