И на единаесеттото заедничко возење велосипеди „Критична маса“, организирано од групата „наТочак“ се собраа педесетина велосипедисти со цел да ги промовираат добрите страни на урбаното возење велосипеди, но и да укажат на проблемите кои тие ги имаат во македонската метропола.
Проблем број еден се паркираните возила на патеките, покажа анкетата спроведена од оваа група кон крајот на минатата година. Исто така, укажуваат тие, пешаците и велосипедистите не се перципирани како (рамноправни) учесници во сообраќајот, туку како некој кој „го собира, ќе помине“.
Еве и низ видеото од учесниците, како помина возењето низ Скопје на единаесетата „Критична маса“: