Преку видео објавено на Интернет, организаторите на Критичната маса #8 која викендов се одржа во Тетово, укажаа на предностите од возење велосипед, но и на бројните проблеми со кои тие се соочуваат додека на две тркала се движат низ градот.
Овојпат возеа со маски на лицето, револтирани поради палење на ѓубрето во нивниот град.
„Наскоро ќе ни требаат маски за воздух за да функционираме “нормално”. И пеш и на велосипед. Зашто да бидеш дел од проблемот кога можеш да бидеш дел од решението? Земи го точакот и придружи ни се“, велат од Критична маса.
За време на настанот тие советуваа дека велосипед може да се вози и кога е ладно.
„Иако е ноември, иако времето полека станува се поладно, ние и понатаму сме на нашите велосипеди, се уште ги користиме за превоз и сеуште им покажуваме на локалните власти дека неопходни ни се услови за велосипедистите во сообраќајот – на нам како учесници во сообраќајот и се уште ја креваме свеста за еколошки почисто Тетово“, порачаа тие.
Во продолжение, погледнете го видеото од последната, осма по ред, Критична маса во Тетово: