Британски нуркач сними загрижувачко видео од своето нуркање во океанот исполнет со пластика, покрај брегот на индонезискиот туристички бисер Бали. Краткото видео објавено од нуркачот Рич Хорнер на Јутјуб покажува дека во водата има огромно количество пластичен отпад низ кој успеваат да се пробијат тропски риби.
„Пластични кеси, пластични шишиња, пластични чаши, пластични листови, пластични кофи, пластични кесички, пластични цевчиња, пластични корпи, пластични кеси, уште пластични кеси, пластика, пластика”, вели тој, „Толку многу пластика!”
Индонезија секој ден прави околу 130.000 тони пластичен и цврст отпад, а околу половина од нив се наоѓаат на депонии, нотира фондацијата во Бали, Реки, океани, езера и екологија (РОЛЕ). Остатокот или незаконски се пали, или се фрла во реките и океаните во Индонезија.