„Денес во нашата кампања и со помош на Едина Муса, и даваме видливост на Хани, на нејзината борбеност за живот и неверојатна убавина“, истакнуваат од Јавното претпријатие за хуман третман и благосостојба на животни Лајка.
Тие велат дека Хани е во нивното прифатилиште неколку месеци и пристигнала по одредено лекување заради повреда на автопат по удар од автомобил, а заради нејзиниот прекрасен карактер и поради тоа што автопат не е локација каде би требало да заврши ниту едно куче, таа засега останува со нив.
„Хани е мешанец од шарпланинец, куче кое одлично би се вклопило во дом со дворче и фамилија која сака миленик што не бара огромна физичка активност туку како и секое – љубов и многу галење“, објаснуваат од Лајка.
Оттаму додаваат и дека и како сите кучиња така и Хани е стерилизирана, редовно вакцинирана и прочистена од надворешни и внатрешни паразити и се надеваат дека следниот што ќе застане пред нејзиниот кафез ќе биде нејзиниот човек, љубов и дом.