Геј мажите во Чеченија во изминативе месеци беа приведувани, мачени, а некои дури и убивани. Веста за „геј камповите“ во руската република ја пренесоа најголемите светски медиуми, но прв ја објави весникот „Новаја Газета“ од Русија. Една од новинарките кои работеа на истрагата, Ирина Гордиенко, гостуваше на конференцијата Engage во Скопје. За Радио МОФ, таа зборува за тоа како почна прогонот и каква е состојбата на ЛГБТ лицата во конзервативната и радикална земја.
Оваа маргинализирана заедница во Македонија, за разлика од Чеченија, не е во ризик по нивната физичка благосостојба и живот, но сè уште има долг пат пред себе додека може да се нарече рамноправна со останатите граѓани. Иван Менкиноски од ЛГБТ Центарот за поддршка, кој го организира и Викендот на гордоста (22-25 јуни), ги потенцира проблемите со кои овие луѓе се носат секојдневно и насекаде.
Видео на Стефанија Тенекеџиева и Горјан Атанасов.