Образованието на момчињата за правата на жените е клучен чекор кон надминување на родовата нееднаквост, рече Малала Јусафзаи за време на сесијата во Давос, на Светскиот економски форум.
„Кога зборуваме за феминизмот и женските права, ние всушност се обраќаме кон мажите”, рече таа.
„Мажите имаат голема улога … Мораме да ги учиме младите момчиња како станат мажи. За да бидете маж, треба да признаете дека сите жени, и сите околу вас, имаат еднакви права и дека сте дел од ова движење за еднаквост“.
Малала е добитничката на Нобеловата награда за мир. Светски познатата пакистанската тинејџерка е дел од кампањата за промовирање на правата на жените, особено во образованието и покрај тоа што за оваа нејзина активност беше застрелана во главата во 2012 година од талибанските милитанти во Пакистан.