140 ученици од различни делови од земјата посетија национални, регионални и локални медиуми каде што одблиску се запознаа со новинарската работа, но и со тоа како медиумите се справуваат со дезинформациите. Застанаа пред ТВ-камерите, седнаа „да водат вести“, ја почувствуваа и магијата на радиото и се забавуваа. Погледнете во три минути како помина #МедиумскиДен2022.
На Медиумскиот ден, учествуваа ученици од 13 училишта од 10 града: Скопје, Битола, Богданци, Валандово, Виница, Велес, Гевгелија, Дебар, Куманово и Струмица, коишто ги посетија Македонската радио телевизија, Медиумската информативна агенција (МИА), Радио МОФ, ТВ Сител, ТВ 21, ТВ Вис, ТВ Тера, и ТВ Плус.
Оваа содржина е подготвена во рамки на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија – Користи факти“, кој го спроведува Институтот за комуникациски студии, а финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.