[Видео] Мирен студентски собир и 63-минутен молк за загинатите од Кочани

Пред Кривичниот суд во Скопје вчера се одржа мирен студентски собир во очи на 40-те денови од големата трагедија во Кочани.

Студентите палеа свеќи и одржаа 63-минутен молк како почит за загинатите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

„Во сабота се навршуваат 40 дена од злосторството во Кочани. Огнот и отровниот чад во ‘Пулс’ одземаа цела генерација младост на еден град. Пролетта во него пристигна завиена во црно. Со мирниот собир оддаваме достојна почит на врсниците кои веќе не се меѓу нас и поддршка кон нивните фамилии“, рекоа претходно од Студентско пленумско движење, иницијаторите на собирот.

 

 

 

Бојан Шашевски