Заштитата на животната средина ги обедини младите со цел да го анимираат локалното население и здружено да го штитат јавниот интерес. Преку екоактивизам и креативни начини на делување, учениците во изминатиот период се обидоа да ја подигнат еколошката свест кај своите сограѓани, објави medium.mk.
На завршната конференција „Здружено за поздрава животна средина“ повеќе од 130 млади луѓе дебатираа и споделија што досега научија преку акциите и активностите коишто ги организираа.