Виџиленца, Горјан, Кристијан и Гордана се млади луѓе од Македонија, кои си заминаа и почнаа нов живот во странство. Иако нивните професии се разликуваат, мотивите се речиси исти – сиромаштијата и политиката ги избркале од својот дом. Тие велат дека за да се вратат, потребно е да се случат уште многу промени во македонското општество. Во разговор за Радио МОФ, кој го направивме преку Скајп, ги раскажуваат нивните приказни, кои потсетуваат на една од пораките кои се упатуваа за време на студентските протест минатата година – „Бегаш кога ти си згрешил нешто. Си одиш кога други ќе ти згрешат“.