Морскиот свет крие илјадници чудни и преубави видови животни и растенија, чиј живот најчесто останува сокриен во длабочините. Daniel Stoupin, докторанд на универзитетот во Квинсленд, го направи ова импресивно забавено видео од корали, сунѓери и други морски организми, кое е изработено од преку 150.000 индивидуални фотографии. Целта, според авторот, е да им се доближи на луѓето кршливиот и ретко виден морски свет, во целиот свој раскош.