Американскиот експериментален музичар Johnnyrandom објави композиција направена исклучиво од звуци добиени од делови на велосипед. Песната носи име „Bespoken“, а и покрај првиот впечаток што се добива, во неа не се искористени синтисајзери или семплери. За скептиците, авторот ги понуди семпловите на својот профил на Soundcloud.
Видеото подолу е само тизер, а композицијата „Bespoken“ со амбиентално-електронски звук може да се симне преку iTunes.
За фановите на ваквите звучни експерименти, интересен би бил и опусот на Diego Stocco. Во видеото подолу, пак, Frank Zappa уште пред половина век демонстрира како може да се направи музика од велосипедски делови.