Следите уште една емисија „На час“, на Радио MОФ, во која зборуваме за предизвиците со кои се соочуваат наставниците и средношколците во новата 2020/2021 учебна година, која за првпат се спроведува по комбиниран модел.
„На час“ на Радио МОФ се средношколките Матеа Несторовска од гимназијата „Кочо Рацин“од Велес, Елена Тимова од гимназијата „Св.Кирил и Методиј“ од Неготино, професорот Енвер Ајдини од средното економско училиште „Арсени Јовков” и Тамара Ќупева, која учениците ја препознаваат како професорка од скопската гимназијата „Орце Николов“, но сега гостува во улога на советничка за средно образование во кабинетот на министерката Мила Царовска.
**Дискусијата е направена во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.