[Видео] На час: Студентски избори – проблеми, перипетии и предизвици

Пред еден месец студентите од битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски “ ги избраа своите студентски лидери, а во моментов тече гласањето за студентски претставници на скопскиот „Св. Кирил и Методиј“. Токму студентските избори беа се тема на оваа епизода на емисијата „На час“.

Гости во емисијата се  Дона Петрова, која неодамна беше реизбрана за лидер на студентите на УКЛО, Борјан Ефтимов студентскиот лидер на УКИМ и Петар Барлаковски член на МОФ.

Петрова во емисијата се осврна на својот прв мандат и изрази жалење што пандемијата спречи голем дел од планираните студентски активности на битолскиот универзитет. Посочи дека е задоволна од соработката со професорите и челниците на универзитетот, но забележа дека има простор за подобрување на активностите.

Ефтимов пак, кој се уште го тера првиот мандат, посочи дека навреме ги префрлиле активностите онлајн па пандемијата не ги спречила тековните активности. Сепак, се пожали од игнорантскиот однос кон студентските претставници од страна на ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски и најави дека планира да побара уште еден мандат како стуидентски лидер, за како што рече, да ги заврши започнатите процеси.

Барлаковски пак се осврна на ефектите од студентските собранија, слабата заинтересираност за изборите, како и проблемите на финкционирање на студентските собранија кои зависат од финансиите и вољата на факултетите. Тој најави и дека Младинскиот образовен форум – МОФ работи на Истражување за работата на студентските собранија кое наскоро ќе биде објавено, но и дека ги мониторира изборите на УКИМ. Како светла точка го посочи онлајн гласањето, бидејќи во време на пандемија, овозможи поголема излезност на студентското гласачко тело.

Ј.Ј.