Една година откако беше донесен новиот Закон за високо образование, реални промени не почувствуваа ниту професорите, ниту пак студентите. Што се промени во високото образование изминатата година, кои рокови се пробиени, што да очекуваме во периодот кој следува? На овие теми, во емисијата #НаЧас зборуваме со професорката Мира Беќар од НАКС и студентот Петар Барлаковски од МОФ.