Како што расте бројот на школи за филм и уметност низ светот, продолжува да се зголемува и бројката, но и квалитетот на анимацииите кои се изработуваат од самите студенти во овие училишта. Всушност, работата која тие ја направија изминатата година е едноставно неверојатна.
Така, при посетата на некои од најдобрите училишта, од Сreativebloq направија селекција на „најжешките“ 3D кратки анимирани филмови изработени во годината што измина. Уживајте:
1. Happily Ever After (Среќно засекогаш)
Овој филм го направија Yonni Arsi и Ben Genislaw, кои студираат во Израел на „Bezalel Academy of Art and Design“.
2. Heist (Хеист)
Филмот е направен со користење на Nuke, а е продуциран од „Vancouver Film School“, односно од студентот Stephen Blomkamp.
3. The Final Straw ( Последната сламка)
Краткиот филм го направи Ricky Renna, од „Ringling College of Art and Design“.
4. Brain Divided (Поделен мозок)
Со оглед на репутацијата што ја има Ringling College of Art and Design, два кратки филмови од ова училиште се најдоа во селекцијата. Автори се Josiah Haworth, Joon Shik Song и Joon Soo Song
5. ESPERO?(HOPE? Надеж?)
Овој филм го направија Simone Giampaolo, Yifan Hu и Henrik Linnes, студенти од познатиот National Centre for Computer Animation at Bournemouth University.