Интернет – заедницата има важна улога во креирање на јавното мислење. Статусите и твитовите на јавните личности честопати се цитираат и на традиционалните медиуми, пишува Безомразно.мк.
Некогаш, објавите на социјалните мрежи се придружени и со говор на омраза, морално „спружување” на поединци кои не размислуваат како побројната група. Оној кој мисли поинаку и виртуелно тоа го изразува, осудата од заедницата е двојно поголема. А некогаш и поболна.
Во ова петминутно видео, безомразно.мк го истражува влијанието на виртуелниот говор. Во прилогот говорат повеќе корисници на социјални мрежи и експерти во областа на комуникациите.