Националниот младински совет на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на младите со Кампања за промоција на младинско здружување.
Кампањата започна со две промотивни видеа кои може да ги погледнете во продолжение, насловени „Не се изолирај, волонтирај“ и „Не се изолирај, основај своја организација“.
Оваа кампања треба да ги поттикне младите кои не членуваат во ниту една организација да се почувствуваат добредојдени и охрабрени да се придружат во активностите на некоја организација, да поддржат активности на организации или пак да отпочнат своја граѓанска иницијатива.