Ханс Флекс собира природни богатства и историски артефакти од кои создава мала и пренослива селекција на вакви предмети која тој ја нарекува „Мини музеј“. Изминатите 35 години, Флекс собрал ретки предмети од целиот свет како што се коса од мамут, парче од Берлинскиот ѕид, командниот модул на Аполо 11, па дури и јајце од диносаурус.
Тој работел со експерти препорачани од музејските кустоси, научници и историчари, по што избира 33 предмети кои ги фрагментирал и вметнал во транспарентна плоча. „Мини музејот“ е доволно мал за да се стави на работната маса, или пак да се држи во рака.
Инспирацијата за оваа работа кај Флекс доаѓа од неговиот татко, научник и директор на Националниот институт за здравје, но и страствен колекционер кој чувал дома бројни реликти. Семејството живеело во близина на Вашингтон што им овозможило да бидат чести посетители на музеите каде се сместени коски од диносауруси, парчиња од метеоририти и слични предмети. Флекс е дизајнер кој своите вештини ги употребил за креирање на малиот музеј.
Ако сте маѓепсани од овој „Мини музеј“ и сакате еден за себе, вие не сте сами. Флекс е во процес собирање средства преку Кickstarter за да го произведе својот уникатен производ во бројни примероци. Со оглед на тоа колку се интересни артефактите и колку е голем интересот за нив, не е ни чудо што тој веќе собра 10 пати поголем износ од потребниот.
Извор: Мymodernmet.com