Две шведски дизајнерки, додека студирале, изнашле нов концепт за велосипедска кацига, која денеска станува реалност. Биле потребни цели седум години и повеќе од десет милиони долари, за „невидливата“ кацига да влезе во сериско производство. Станува збор за воздушно перниче, кое се става околу вратот и наликува на моден додаток. Кога велосипедистот ќе направи нагло движење во одреден правец, парничето автоматски се полни со хелиум и се отвора кацигата.
Погледнете го ова кусо видео за извонредниот изум на Anna Haupt и Terese Alstin: