Во четвртата епизода од серијалот документарни филмови „Невидлива Македонија“ се зборува за македонската алтернативна рок музика, нејзините почетоци, истакнати изведувачи и случувања. Со авторот Петко Костовоски разговараат членовите на Tempera, The Black & Vice Social Club и Foolish Green.