Ви досади вашиот фризер? Она што ви треба е да тркнете до Мадрид.
Таму Алберто Олмедо рутински користи оган и нинџа мечеви на косата од неговите муштерии кои бараат нов изглед.
Во неговиот фризерски салон во Кампаменто, јужен Мадрид, Олмедо користи средновековни техники со кои нуди невообичаено потстрижување.
„Практично користам примитивни алатки – оган, мечови… малку е средновековно. Луѓето користеле мали ножеви за да ја шишаат косата стотици години“, изјавил Олмедо за шпанскиот весник Ел Паис.
Олмедо, кој е роден од шпански емигранти во Франција, каде го поминал детството, почнал да користи мечови за да ја ретчи косата. Скоро сите од неговите седум вработени, вклучително и неговата сопруга, научиле да ја користат техниката.
Тој тврди дека неговиот метод е инспириран од ренесансната традиција и дека сечилата му помагаат да ја потстрижува косата од двете страни на главата истовремено. Олмедо додава дека на тој начин има многу подобар резултат отколку преку користење на ножиците.
Похрабрите клиенти можат да изберат шишање со неколку сечила, кои во стилот на „Волверин“ излегуваат од неговите раце.
Олмеда вели дека следниот проект на неговиот салон ќе биде вклучување на прецизни ласери во работењето.