Македонскиот бенд „Бернајс Пропаганда“ синоќа на својот Јутјуб канал ја сподели новата песна насловена „Ништо нема да нè раздели“.
Видеоспотот за песната е дело на Давид Дољаница и Милан Блажевски.
Песната доаѓа по острите несогласувања со Министерството за култура и Македонската филхармонија. Проблемите започнале откако од бендот дознале дека добиле 276.000 денари од ресорното министерство за концерт закажан на 27 април со Македонска филхармонија – нешто за кое не аплицирале и никој не побарал писмена согласност од нив.