Веб-сајтот за електронска музика и клупска култура Resident Advisor ја објави новата епизода од серијалот репортажи „Вистински сцени“ („Real Scenes“), во која се претставуваат ноќниот живот и клубовите во јужноафриканскиот град Јоханесбург. Јужноафриканската република е најголем светски конзумент на хаус-музика, а клабингот постојано се развива. Погледнете ја оваа одлична репортажа на Resident Advisor: