Професор во Тајван тврди дека го посведочил најдолгото досега виножито, кое можело да се види речиси девет часови, и планира да го предложи за нов светски рекорд.
Виножитото траело осум часа и 58 минути во планините во близина на тајванскиот главен град Тајпеј, според Чу Кун-хсуан, професор на Универзитетот за кинеска култура.
Чу, заедно со својот колега Лиу Чинг-хуанг, ја документирале појавата на виножитото кое се појавило на 30-ти ноември, ангажирајќи ги студентите да го сликаат од секој агол. Професорите првично го набљудувале виножитото за да тестираат теорија дека зраците се намалуваат како што изминува времето.
„Беше неверојатно… Беше како дар од небото… Тоа е толку ретко“, изјави Чу.
„Кога го надминавме претходниот рекорд откако поминавме 6 часа, едвај можев да седнам да јадам. Бев толку возбуден“.
Професорите набљудувале четири одвиени виножита за време на деветчасовниот период, во истовреме фотографирајќи ги во една рамка. Претходниот ден, виножито се појавило во близина на кампусот кое траело шест часа.
Чу сега планира да ја пријави оваа појава до Гинис за најдолгото виножито во светот. Претходниот рекорд го држеше виножито кое траело шест часа над Шефилд, Велика Британија, во 1994 година.
„Со 10.000 фотографии што ги направивме, но и многу други кои беа направени од останатите во кампусот и луѓето што живеат во близина, сигурен сум дека може да докажеме пред Гинис, секунда по секунда, дека виножитото траеше девет часа“, рече Чу.