Втората објава по минатомесечниот „Тажен понеделник“, ни ги носи инди-рок бендот „Милко“ во исклучително игриво издание.
„Се работи за песна во која се огледа големото искуство на бендот, надополнето со модерен, свеж музички израз и звук. Несомнено, потенцијален есенски раздвижувач во етерот“, велат од независната издавачка куќа „Шарла“ (Sharla), под чија закрила е издадена песната.
„Милко“ – „Оловен војник“ може слободно да се симне и поддржи преку Бендкемп.
Од „Шарла“ посочуваат дека песната е авторско дело на Сашо Митревски. Снимена е во студио Алшар, продуцент – Ивица Јанкуловски.
Наскоро, „Милко“ по пет години пауза ќе одржат концерт на 6 ноември во „Котур“.