Филмското студио Warner Bros. го објави новиот трејлер за филмот „Entourage“, направен според истоимената хит-серија на HBO, која се емитуваше осум сезони.
Во филмот, чија приказна продолжува да ја следи кариерата на актерот Vincent Chase (Adrian Grenier) и неговата свита, тој се обидува да режира, а со него е комплетната „екипа“: E (Kevin Connolly), Turtle (Jerry Ferrara), Drama (Kevin Dillon) и харизматичниот супер-менаџер, кој сега е директор на филмско студио, Ari Gold (Jeremy Piven).
Во филмот, според најавите, се појавуваат редица американски јавни личности, меѓу кои и: Calvin Harris, Jessica Alba, Liam Neeson, Pharrell Williams, George Takei, Warren Buffett и Mark Wahlberg (по чиј животни приказни е и снимена оригиналната серија).
Премиерата на филмот „Entourage“ е закажана за 5 јуни.