Објавен е првиот целосен трејлер за одамна очекуваното продолжение на култниот филм на Дени Бојл, Trainspotting.
Именуван T2: Trainspotting, филмот ја продолжува приказната од првиот дел, 20 години во иднината. Продолжението навистина се снима речиси 20 години, а е делумно базирано на романот „Порно“ на Ирвин Велш. Во филмот повторно се обединуваат ликовите од оригиналот снимен во 1996 година: Рентон (Еван МекГрегор), Бегби (Роберт Карлајл), Сик Бој (Џони Ли Милер) и Спад (Ивен Бремнер).
Филмот е современо продолжение на приказната, а во трејлерот се споменуваат повеќе современи културни феномени.
„Ликовите се на многу поразлично место во нивниот живот, а на последните 20 години реагираат на различен начин“, вели авторот на романите, Велш.
T2: Trainspotting ќе биде премиерно прикажуван во Велика Британија на 27 јануари.