Со 64 гласа „за“ и 11 „против“, пратениците во Собранието експресно ги изгласаа измените на Законот за урбанистичко планирање. Еко-активистите реагираат дека отсуствува јавна и стручна расправа за ваквите измени, кои можат да донесат нов урбанистички и сообраќаен хаос. Особено што Скопје, но и останати градови во Македонија, веќе се загушени со згради, а јавните простори и зеленилото ги снемува на сметка на паркинзи и бетон.
Невена Георгиевска од „О2 Иницијатива“ во „Мегафон“ зборува за тоа како влијаат лоши закони и немањето план во урбанизмот.
View this post on Instagram
Бојан Шашевски и Ангела Бошкоска