Австралиската служба за комуникации и медиуми, како дел од програмата „Cybersmart“, подготви краток едукативен филм со наслов „Обележани“(„Tagged“), кој го истражува влијанието на интернет-малтретирањето врз младите луѓе.
Целта на филмот е да се охрабрат тинејџерите и студентите да разговараат за основните етички обврски при користење на интернет. Исто така, филмот се посветува и на прашањата како младите може да го градат својот углед на интернет и како онлајн интеракцијата може да се одрази во нивниот реален живот.
Извор: bezomrazno.mk